Интервјуто со Ципрас за „360 Степени“ вечерва (30.9.2019 г.) ќе се емитува од 22:00 часот на ТВ Алсат. Алексис Ципрас попладнево по втор пат ја посети македонската Влада во Скопје, во пресрет на утрешниот самит на „Економист“ посветен на Западен Балкан, каде тој ќе биде еден од говорниците. Претседателот на СИРИЗА, синоќа се обрати на крајот од тридневниот фестивал „Спутиник”, организиран од подмладокот на партијата, а во неговиот говор се осврна и на Договорот од Преспа, за кој рече дека е горд и дека со него е затворена голема рана за Балканот.]]>


