(ВИДЕО) Ваков дует не сте виделе: Петар Грашо со ќеркичката ги освоија социјалните мрежи

Популарниот хрватски пејач Петар Грашо во 2022 година со Хана Хуљиќ ја добија ќерката Алба (17 јули 2022). Долго време никој ја немаше видено во јавност, како изгледа, а пејачот постојано велеше дека поради работните обврски немал време да ѝ се посвети толку колку што сака.

Но, малата Алба веќе има две години и заедно со тато си пеат песнички. Најновото видео што го објави пејачот ги освои социјалните мрежи, а во него тато и Алба заедно ја изведуваат „Ако те питају“.  Малото девојче седи на пијаното и допрена до микрофонот со искрен детски глас го пее хитот на нејзиниот татко, а тој не може да ја сокрие радоста и ја поддржува со свирење и потпевнува.

Најчитани вести