Објавените „бомби“ се стари неколку години, од кои дел беа употребени како доказен материјал во случајот „Титаник“, односно за изборните манипулации на ВМРО-ДПМНЕ.
Дека тоа навистина се случуваше сведочи и видеото во продолжение, направено во април 2013 година.
Во една од бомбите, што се дел и од судските процеси на СЈО, министерот за транспорт Миле Јанакиески се фали со диверзијата дека во Капиштец се онеспособени лифтовите на висококатниците, за да се спречи масовното гласање на граѓаните од повисоките катови.

Јанакиески: Ама, лифтовиве не работат, хахаха.
НН: Хахаха. Леле, ќе биде циркуз, ќе викаат, ќе умрат.
Јанакиески: Може да слезат од 15 спрат стариве? Не?
НН: Не бе, какво слегување.
Јанакиески: А?
НН: Не бе, шо ти е на тебе. Кај мене куливе, еве ги, штама е. Чоек нема надвор. У п…у матер.
За што зборуваат погледнете во продолжение:
]]>


