(ВИДЕО) Владата положи свежо цвеќе по повод 149 години од раѓањето на Гоце Делчев

Заменик-министерот за локална самоуправа, Зоран Димитровски во име на Владата на Република Северна Македонија денеска положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата Свети Спас, по повод 149 години од неговото раѓање.

Владата на Република Северна Македонија со овој чин им се придружи на настаните со кои му се оддава почит кон делото на големиот револуционер Гоце Делчев,  за неговиот историски придонес во создавањето на македонската државност.

Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола. Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата.

Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија. На 4 мај во 1903 бил убиен од турска војска во селото Баница, на пат кон Сер.

Саркофагот со посмртните останки на Гоце Делчев од 1946 година се наоѓа во дворот на црквата „Св. Спас“ во Скопје.

https://www.youtube.com/watch?v=IusxYDeB9oo&feature=emb_title
]]>

Најнови вести

Најново од Македонија, Ударни вести

Најчитани вести