Иако некои студенти не се сигурни дали ќе ја добиеме битката за влез во ЕУ, повеќето од нив се оптимисти и ги истакнуваат придобивките од влез во Унијата: поголеми можности за студирање, економски, бизнис и финансиски придобивки, културни придобивки, итн. Вака одговараа студентите во третата анкета на „Внимание, внимание“ на „Трн.мк“.
Дел од студентите се мотивирани од храброста, пожртвуваноста и љубовта кон татковината на младите партизани, но дел воопшто не ги интересира историја, туку исклучиво иднина и подобро утре.
Студентите велат дека се борат за подобро утре и да се изборат за своето место под сонцето, но во својата татковина. Дел од нив сметаат дека битката им е да го завршат факултетот, да се вработат, да успеат во животот. Некои се борат да не мора да се политички или партиски определени.
Анкетата „Внимание, внимание – зборуваат граѓаните“, се емитува на каналите на „Трн“ (на Фејсбук, YouTube, и на Инстаграм) и нејзината цел е да се чуе гласот на граѓаните, посебно на младите, кој е маргинализиран во актуелниот медиумско-политички контекст. Гласот на граѓаните нѝ го претставува артистот Дениз Абдула, а продукцијата е на „Трн.мк“.
Извор: Трн.мк


