(ВИДЕО) Во пресрет на Нова година – нова песна на Ориѓански и Бени

„Барајќи пејач кој може да ја отпее песната во демо верзија ја дадов на неколку луѓе. Еден мој пријател, без да знам ја треснал демо верзијата на Јутјуб. Немаше назад.

Но, помина време и еве денес би сакал да ја слушнете официјалната верзија која за многу брзо време ќе излезе и на албански јазик.

Благодарам на Бени Шаќири и на сите други кои ми помогнаа таа да се направи.

Ви посакувам се најубаво во 2014 година. Да живееме“,

Вака популарниот композитор Златко Ориѓански ја најави својата нова песна Си беше еднаш“, отпеана од познатиот Бени.

Слушнете ја во продолжение.

Најчитани вести