Сите очи биле вперени во милијардерот Џеф Безос, Лорен Санчез, Кети Пери и Орландо Блум, додека се шетале низ Дубровник, но една мегапопуларна ѕвезда во нивното друштво останала незабелажена.
Станува збор за Ашер, кој исто така пристигнал во Хрватска со јахтата на Безос вредна 500 милиони долари.

Ашер уживал во разгледувањето на Дубровник и ги фотографирал историските знаменитости, додека фотографите ги вртеле нивните фотоапарати кон неговите исто толку познати пријатели.
Сепак, на неколку фотографии во позадина се гледа и тој, како се шета, невообичаено опуштен, облечен во кошула со шарен дезен и бели панталони.
Се чини дека деновиве во Дубровник има толку многу „ѕвезди“ што Ашер паднал во втор план.
Инаку, во тимот можеше да се забележи и Дерек Балсберг, американски автор, ТВ водител и инфлуенсер.
Џеф Безос пред Хрватска ја посетил Грција и Италија, а неговата суперјахта Кору, вредна 500 милиони долари, моментално се наоѓа во близина на Дубровник.
Пред неколку дена со него на јахтата била и актерката Деми Мур.


