За „Yahoo Life“ Шулд изјави дека вклучувањето со Фиона во програма е всушност идеја на нејзиниот продуцент и се случило непланирано. Таа идеја всушност требало да ја покаже реалноста, спојувањето на родителството и работата за време на пандемијата на коронавирус.
„Неколку минути пред повторно да застанам пред камерите за следната временска прогноза, ќерка ми се разбуди“, раскажува Ребека.
„Отидов до ѕидот пред кој снимам со неа во раце, а продуцентот ме праша дали и ќерка ми ќе биде во преносот. Бев уверена дека таа ќе се однесува добро и знаев дека ќе биде среќна и задоволна. Така, само му реков „да“ на продуцентот“ – рече таа.
Ребека неодамна се вратила од породилното отсуство и сфатила дека нејзината одлука е дел од „новото нормално“ и воопшто не е непрофесионален пристап кон работата.
Гледачите и нејзините колешки биле воодушевени од изгледот на малата Фиона, а преносот поминал без проблеми.


