За сметката од Дубровник зборува светот, повеќе од еден милион луѓе не можат да поверуваат каква бројка гледаат за тоа што има во хартиената кеса: „Дали се направени од злато?“
Една туристка купила гумени бомбони во Дубровник, а кога ја видела сметката, се шокирала: бројката била речиси 45 евра!
Како што изјавила, бомбоните ги купила набрзина во продавница за слатки во Дубровник и снимила видео за сè на популарната мрежа ТикТок.
Таа ја покажала и кесата, а во описот на видеото навела дека станува збор за сувенир што нејзиниот паричник никогаш нема да ѝ го прости.
Иако многу луѓе ѝ порачаа во коментарите дека требало да ги врати бомбоните и да си ги побара парите назад, жената изјавила дека ги купила бомбоните по наговор на децата и дека немала срце да ги разочара, пишува српски Курир.
@deniscaval121 Dubrovnik's walls: where candy costs more than a cannonball.🫣😄😜 #candy #fyp #viral #holidays #comedy ♬ Risas – Victor Beatrd


