„Едниот концепт на СДСМ и коалицијата „Можеме“ кој ја носи земјата напред, кон ЕУ и НАТО, другиот на ВМРО-ДПМНЕ кој нуди само обнова на режимот, обнова на криминалот и туркање кон изолација.
Концептот кој носи пари кај граѓаните и концепт кој зема пари од граѓаните. На 15 јули бираме дали земјоделците ќе добиваат 200 милиони евра годишно субвенции и поддршка за рурален развој, или ќе добиваат лажни ветувања, манипулации и уцени со исплатата на субвенциите“, рече Заев и додаде дека на 15 јули земјоделците одлучуваат дали ќе имаат сто процентно бесплатна зелена нафта или ќе дозволат некој од ВМРО-ДПМНЕ да го гази нивниот труд, како што го правеше цели 11 години.
„Знам дека мнозинството граѓани овде во убавото Конче, овде низ изборната единица 4 но и низ целата државата ја имате донесено правилната одлука. Но, таа одлука треба да ја потврдите и на гласачките места и да излезете на фер, слободни, демократски и пред сé безбедни избори и да гласате за бројот три, за СДСМ и за Коалицијата „Можеме““, истакна Заев и порача да не се дозволи Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да не враќаат назад, туку уште подобро и уште повеќе да продолжиме напред, кон развој, кон нова македонска развојна економија, кон повисок стандард за земјоделците, за младите, за пензионерите.

„На 15 јули гласаме за бројот три за успесите на секое поле да продолжат уште повеќе, уште подобро. Овде во нашето Конче реализиравме многу капитални проекти, изградена е нова спортска сала, детска градника, асфалтирани се 8 километри патишта, 10 улици, целосна реконструкција на три спортски и повеќе наменски игралишта, нова енергетско ефикасно улично осветлување, тампонирање на 6 километри полски патишта, нова опрема и машини за јавното комунално претпријатие, нови возила за сигурен и безбеден превоз на учениците, водоводи, канализации и други инфраструктурни објекти“, рече Заев и вети дека со изградбата на експресниот пат Радовиш – Штип кој е во тек и до 2021 година ќе биде пуштен во употреба и почетокот на изградбата на патот Конче – Липовиќ – Рич, општина Конче ќе биде отворена за уште подинамичен развој и за уште подобар живот на граѓаните.


