(ВИДЕО) Запознајте го Мајк, пиле кое 18 месеци живеело без глава

Во семејството на еден земјоделец од Колорадо, Лојд Олсен, на 10. септември 1945. година дошле гости, па сопругата го пратила својот сопруг во кокошарникот да фати едно пиле и таа да подготви вечера.

Сепак Лојд, не бил баш искусен во овие работи, па не успеал со секирата да му ја пресече главата на петмесечното пиле. Поточно тој ја промашил вратната артерија, а мозочното стебло, кое го поврзува малиот и големиот мозок на рбетниот стопб останало недопрено.

Откако ја загубил главата, Мајк продолжил да оди, што не е невообичаено за кокошките. Честопати се случува откако ќе им биде пресечена главата да продолжат да одат, се додека не им престанат сите животни функции, но тоа се случува најчесто во наредните неколку секунди. Мајк продолжил да оди и на изненадување на сите, останал жив. Олсен се предомислил и се одлучил да не го убива, веројатно не од жал, туку затоа што тоа било време во кое за чудните работи се добиваа пари, а пиле без глава е дефинитивно атракција што се гледа еднаш во животот.

Така Мајк станал славен феномен.

majk

Иако без глава, Мајк се уште рефлексивно се обидавал да се храни и да колва, но семејството го хранело со шприц, низ еден отвор во вратот што му останал. За едно негово појавување на телевизија, семејството добивало по 25 центи, па за еден месец Мајк им носел вкупно приходи од 4.500 долари (денес тоа би биле 50.000 долари). Ниту пред него, ниту по него во историјата не е познато кокошка или петел да успеале да живеат без глава повеќе од два дена.

Мајк живеел 18 месеци без глава, а неговиот живот завршил во хотел, додека бил на турнеја. Се претпоставува дека се задушил, поради промена на клима и тешкотии со дишењето.