Швајцарската организација која се грижи за лицата со хендикеп „Про Инфирмис“ направи серија од манекени – кукли кои личат на одредени лица со инвалидитет.
Откако биле изградени, куклите биле поставени на излозите во продавниците во Цирих, што многу ги израдува лицата со телесен инвалидитет, по чија мерка и се направени.
Во улогата на модели за овие кукли се најдоа многу, меѓу кои побдничката на изборот за најубава девојка со хендикеп, Мис Јасмин Речстајнер, девојка со деформотите во ‘рбетот, и Ервин Алјукиќ, актерот кој боледува од болест на коските.
Проектот наречен „Because who is perfect?“ се појави и на Јутјуб каналот и за неколу дена е виден од повеќе од 8 милиони луѓе.


