(ВИДЕО) Зграда од десет ката изградена за помалку од 29 часа

Кинеска компанија со помош на модуларните градежни системи успеа да подигне десеткатница за 28 часа и 45 минути.

„Broud Grup“ најпрво ги направила и ги доставила до локацијата сите потребни делови, а потоа со помош на три кранови и голем број работници ја направиле 10 катната зграда. Оваа постапка ќе доведе до нова револуција во градежната индустрија. За да се поедностават работите, во иднина зградите ќе се градат како што се прават автомобили, со составување делови.

Експертите објаснуваат дека процесот на градење е исклучително едноставен, најважно да се заостри модулот со цел да се обликува зградата и да се поврзе со мрежата за напојување со електрична енергија и вода.

https://www.youtube.com/watch?v=you-BV35B9Y&feature=emb_title

Структурата на зградата е изработена од не’рѓосувачки челик и е десет пати полесна и 100 пати посилна од конвенционалните згради. Отпорена е на силни земјотреси и тајфуни.

Овие згради се значително поевтини од традиционалните градби, главно заради поедноставениот процес на производство.

Модуларната зграда има изолација со дебелина од 22 сантиметри, прозорци со три или четири стакла и смарт систем за заштедување на енергија до десет пати.

Компанијата тврди дека оваа зграда ќе трае илјада години бидејќи е изработена од 100 проценти нерѓосувачки челик и е 30 пати поотпорна на корозија.

]]>

Најчитани вести