(ВИДЕО) Жена паркираше и падна со автомобилот од седми кат

На социјалните мрежи се појави видео, на кое се гледа обидот на жителка на американскиот град Остин да паркира во катна гаража. Нејзиното возило паѓа од голема височина и за малку ќе смачкаше друг автомобил, кој се движел долу на тротоарот.

Вилијам Бирч, кој возел Шевролет Тахое раскажува дека веднаш штом слушнал бучава над главата, сфатил дека треба да се премести од местото на кое се наоѓал, пишува „Дејли Меил“.

Жената која паднала од седмиот кат преживеала и сега се наоѓа во болница. Таа најверојатно ги згрешила педалите за сопирачка и гас.

Најчитани вести