(ВИДЕО) Жители на Ниш пријавиле крокодил во центарот на градот! Полицијата веднаш реагирала а потоа следел вистински ШОК

„Добивме дојава дека има крокодил на улица во Ниш…“, откри на својот Инстаграм профил здружението Zoo Planet со видео од крокодил во улична локва вода.

Тие веднаш излегле на терен да видат за што се работи и да реагираат, објави српски Блиц.

„На локацијата констатиравме дека навистина се работи за крокодил, но дека се работи за препарирано животно“, изјавија од ова здружение од Ниш.

Веднаш ја известиле полицијата и надлежните институции, бидејќи пред се, законот во Србија забранува чување на препарирани животни од списокот CITES, како и нивно тргување.

„Полицијата излезе на терен, спроведена е постапката и информирани надлежните институции. Животното е преземено, а случајот е успешно расчистен. Им благодариме на сите граѓани за пријавувањето и соработката, како и на волонтерите и полицијата за брзата реакција“, посочија на Инстаграм и ги повикаа сите граѓани да пријават слични случаи до надлежните служби.

Најчитани вести