(ВИДЕО) Ѕвездата од филмот “Барби” го покажа својот скриен талент, видеото има повеќе од 7,7 милиони прегледи

Ѕвездата на филмот „Барби“, Маргот Роби ги воодушеви обожавателите со улогата на најпознатата кукла во светот, а сега се појави видео кое го покажа и нејзиниот скриен талент за кој малкумина знаеле.

Имено, на социјалните мрежи повторно започна да кружи видео снимено минатата година за време на филмска премиера во Амстердам, каде популарната актерка делела автограми.

Во еден момент на актерката и пришло глуво лице со кое таа започнала да комуницира со знаковен јазик. Ниту најголемите обожаватели не знаеле дека познатата актерка знае да го користи знаковниот јазик, а таа сето тоа го покажала на црвениот тепих додека била во интеракција со обожавателите. Видеото од тој настан воодушевии многумина и стана вирално. Прегледано е повеќе од 7,7 милиони пати.

Најчитани вести