Аомори во Јапонија е место со најмногу снежни врнежи во светот. Според некои статистики, просечно 7,9 метри снег паѓа секоја година во главниот град на префектурата Аомори на најголемиот јапонски остров Хоншу, пишува „Пункуфер“.
Тротоарите се попречени од високи ѕидови од снег и мраз кои се повисоки кога минуваат плугови за да го расчистат патот. Поради ниските температури во градот – наместо дожд, врне снег.
Снежните наноси можат да бидат толку високи што го блокираат излезот на луѓето од нивните куќи. Најмногу снег паѓа во последната недела од декември. Потоа во просек паѓа снег шест од седум дена со 47 сантиметри снег.
И покрај постојаните снежни бури, Аомори не ги затвора вратите за патниците. Многумина доаѓаат овде во зима за да уживаат во скијање и други снежни радости, но и да уживаат во локални специјалитети – главно јадења базирани на свежа риба и морски плодови.


