Неверојатно видео деновиве стана хит на социјалните мрежи. Имено на семејство кое патувало со автомобил во еден момент пред нив им излегло стадо слонови кои сакале да преминат на спротивната страна од патот. Откако го сопреле автомобилот и го пропуштиле стадото, следувала несекојдневна ситуација.
Слонот кој последен го поминал патот се завртел кон автомобилот и ја кренал сурлата, што патниците во автомобилот го протолкувале како знак на благодарност.


