(ВИДЕО) Објавена новата песна на Тоше Проески, „Ефта пуране иконе“

На осмото издание на музичкиот хепенинг „Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше” кој се одржа синоќа на плоштадот Македонија во Скопје беше промовирана до сега необјавената песна на ромски јазик на Тоше Проески, „Ефта пуране иконе“ (Седумте стари икони).

Оваа песната Тоше ја отпеал за потребите на панк-операта „Дом за бесење“ на познатиот режисер Емир Кустурица.

Превод на песната на македонски:

Седумте стари икони
За коишто баба ми ми кажуваше
Во црквата на Свети Сава
Кајшто децата беа крштавани
Седумте стари икони
Секоја од нив имаше душа
Шест имаа очи кои светат ноќе
А седмата –имаше солзи
Поминаа пет, седум века
И уште седумсто и педесет војни
Таа уште плаче за нас
Дали ќе има доволно солзи?
Седумте стари икони
Некои војници ги одземаа
Баба ми ми кажуваше
Дека црквата била срамнета со земја
Боже, о Боже
Дојди на југ, дојди кај нас
Боже, о Боже
Тоа не е толку далеку

Најчитани вести