Похуваните тиквички се доказ дека најдобрите закуски обично се многу едноставни. Омилениот летен зеленчук, иако може да се комбинира и приготвува на многу начини, е највкусен кога се похува. Грците имаат посебна техника за тоа.
Рецепт за похувани тиквички
Потребни состојки:
– тиквички
– брашно, сол
– вода
Подготовка:
Тиквичките добро измијте ги (не ги лупете), па исечете ги на потенки ленти. Секоја лента убаво извалкајте ја во брашно, а потоа потопете ја во вода за секунда – тоа е она што го прави грчкиот пох поразличен од нашиот. Тиквичките пропржете ги во длабоко врело масло.
Рецепт за домашен ѕаѕики
Потребно е:
– 4 краставици
– 3, 4 чешниња лук
– свеж миродија
– 2 пакувања грчки јогурт од по 400гр
– 3 лажици маслиново масло
– сол
Подготовка:
Излупете ја и изрендајте ја краставицата, посолете ја, оставете ја неколку минути, па префрлете ја на крпа и процедете ја. Во сад ставете ја ренданата краставица, потоа додадете го грчкиот јогурт, сечканата миродија, издробениот лук, маслиновото масло и солта и сето добро измешајте го, пишува zena.blic.rs.


