Кога на сцената на популарното талент шоу (Британија има талент) стапнала 15 – годишната Сара Икуму, жирито и публиката не знаеле што да очекуваат.
Одбрала доста тешка нумера “And I Am Telling You” која ја изведува Џенифер Хадсон и сите биле помалку скептични. Но, девојката знаела што прави, блескала со самодоверба и ги маѓепса сите членови на жирито. Просторијата ја исполнила со својот мелодичен глас, а добила златно копче со што се пласираше во следниот круг од натпреварувањето.
Уверете се и самите во нејзиниот талент.
Извор: Македонија денес


