(ВИДЕО)Саудиски принц купи јахта на руски олигарх и веднаш го исфрли од неа

Саудиски принц купил јахта на руски олигарх за 400 милиони долари и во истиот момент го исфрлил од неа.

Името на саудискиот принц не е официјално објавено, но „Дејли мејл“ пишува дека наводно станува збор за принцот Мохмед бин Салман. Бин Салман се одморал во Франција кога му се допаднала луксузната јахта „Серена“, долга околу 134 метри.

jahta
На Русинот Јуриј Шефлер, на самото место му понудил 400 милиони долари за неа и веднаш по купувањето го натерал да ја напушти. Шефлер претходно ја купил за 300 милиони долари.

Оваа јахта извесно време беше меѓу најголемите во светот, а пред две години во неа се одмораше Бил Гејтс со семејството.

Јахтата има 15 спални соби, ноќен клуб, кино, ѕид за качување, базен, библиотека, спа, фитнес, џакузи и просторија каде патниците можат да го набљудуваат подводниот свет. На јахтата може да слета и хеликоптер, а со неа доаѓа и посебен хангар за леталото, како и хангар за подморница.

Најчитани вести