(ВИДЕО)Сите мислат дека е јаболко а тоа е најопасно дрво на светот!

Најотровното дрво лесно може да ве измами, а тоа го докажа и случајот со лекарката Никол Стрикленд. Овошјето неверојатно потсетува на јаболко а всушност е овошје кое може да предизвика фатални последици. Лекарката заминала на одмор на островот Тобаго, кој е познат по луксузните одморалишта, белите песочни плажи и африканската традиција. Веќе на првиот ден од престојот, нејзиниот одмор станал пекол, пишува Мондо.

Во желба да пронајде школки и корали во белиот песок, наишла на кокос, манго и миризливо зелено овошје кое потсетува на јаболка. Била со пријател со кој решила да го проба овошното дрво. По неколку залаци и пријатниот вкус што го почувствувале, грлото почнало да им гори од лутина. Неколку моменти подоцна тие не можеле да голтаат. Изеле овошје кое припаѓа на стеблото  Hippomane mancinella.

Дрвото кое е запишано во Гинисовата книга на рекорди како најопасно во светот, расте на југот на Северна Америка, во Централна Америка, во северните делови на Јужна Америка и на Карибите. Arbol de la muerte е името на шпански, што во превод значи „дрво на смртта“. И тоа не без причина. Поради ова дрво се евидентираат голем број повреди на очите, привремено слепило, изгореници од вдишување на дел од растението, па дури и смртни случаи.

За среќа, Никол и нејзинот пријател биле спасени, а сето тоа благодарение на тоа што го гризеле овошјето на ситни парчиња. Лекарката го сподели своето искуство со The British Medical Journal и објави студија во која детално ги објасни сите симптоми кои ги имала. Институтот за храна и земјоделски науки во Флорида предупредува дека „секоја интеракција со кој било дел од дрвото или консумирање на овошјето може да биде фатална“. Секој дел е крајно отровен.

Отровот во ова дрво е толку силен што не смеете да стоите под него за време на дождот. Органското својство форбол се разредува со дождот и дури во таа форма може да предизвика тешки изгореници. Одредени стебла Hippomane mancinella се покриени со црвени крстови или јасни знаци на предупредување во некои области, за оние кои не се упатени за опасноста да не се приближуваат премногу до растението.

Многумина сè уште се прашуваат зошто сè уште тие постојат, но ова дрво се смета за една од главните одбранбени линии против ерозијата на плажите во Централна Америка. Исто така. Карипските столари го користеле ова дрво со векови бидејќи успеале да ја откријат тајната на прецизното отстранување на отровите со сушење на дрвото на сонце. Погледнете:

Најчитани вести