Авионот од Русија кој викендов се сруши и го зави светот во црно, и понатаму е топ-тема. Објавени се страшни фотографии од местото на нерсеќата, во која загинаа сите 224 лица кои биле во авионот.
Во трагедијата животот го загубија и 25 дечиња.
Телевизискиот канал “Россия 24″ раскажа за десетмесечно девојче Дарија, чија слика стана симбол на оваа ужасна трагедија. Девојчето гледа кон пистата. Се гледаат нејзини раширени прсти притиснати на стаклото. “Најважниот патник” напиша мама Татјана под сликата на својата ќерка. „Ова е прв нејзинот лет во животот“
Во авионот биле и неколку јавни личности. Една од најпознатите актерки и модели во Русија, Елена Домашњаја била во авионот и и таа го загубила животот.
Според руските медиуми, меѓу настраданите во авионската несреќа е и заменик градоначалникот на Псков, Александар Копилов кој во Египет бил на одмор со својата невенчана сопруга.




