(ВИДЕО)Тајфун ги пустоши Филипините: Десетици мртви и исчезнати, застрашувачки снимки од спасувачките акции

Најмалку 66 лица загинаа, а стотици илјади ги напуштија своите домови откако еден од најсилните тајфуни оваа година ги опустоши централните Филипини, соопштија властите.

Тајфунот Калмаеги поплави цели градови на најнаселениот централен остров Себу, каде што се регистрирани 49 смртни случаи. Уште 26 лица се водат како исчезнати, изјави официјален претставник на цивилната заштита во радио интервју во среда.

Видеата покажуваат како луѓето се засолнуваат на покривите, додека автомобилите и контејнерите се влечени по улиците од порои.

„Комуникацијата со хеликоптерот беше изгубена, што веднаш започна операција за пребарување и спасување“, соопштија Филипинските воздухопловни сили. Портпаролката подоцна потврди дека се пронајдени шест тела, за кои се верува дека им припаѓаат на пилотот и членовите на екипажот.

Тајфунот, локално наречен Тино, ослабна откако стигна до копното рано во вторникот, но сè уште дува со ветрови од над 130 километри на час.

Прогнозите покажуваат дека ќе се движи над островот Висајас и кон Јужното Кинеско Море во текот на денот.

Рафаелито Алехандро, заменик-директор на Канцеларијата за цивилна заштита, објави ажурирани податоци за жртвите во интервју за локалната радио станица DZMM.

Спасувачите чекаат времето да се разубави за да можат да достават помош, рече тој. – Проблемот се урнатините и автомобилите на патиштата. Има многу што треба да расчистиме.-рече Карлос Хозе Ланас, волонтер спасител , тој за Би-Би-Си изјави дека иако се подготвиле за најлошото сценарио, биле изненадени од обемот на поплавите.

– Ова е најлошата поплава што некогаш сум ја доживеал – рече деветнаесетгодишник. – Речиси сите реки во Себу се излеаја. Дури и службите за итни случаи не очекуваа такво сценарио.

– Спасувачките операции беа премногу тешки за локалните спасувачи, бидејќи имаше премногу луѓе што бараа помош, Гувернерката на Себу, Памела Барикуатро, ја опиша катастрофата во објава на Фејсбук како „без преседан“.

„Очекувавме ветерот да биде најопасен, но… водата е таа што навистина ги загрозува нашите луѓе“, рече таа. „Брановите на поплавата се апсолутно катастрофални.“

Барикуатро прогласи вонредна состојба во Себу во вторник вечерта за да се олесни спроведувањето на операциите за помош и рехабилитација.

Најнови вести

Најново од Свет

Најчитани вести