Група туристи организирано без да знаат беа внесени во свечената сала каде се одржуваше церемонијата за доделување на Оскарите.
Туристите кои се шетале низ Лос Анџелес и мислеле дека само ќе го разледуваат градот, како изненадување од Американската академија биле однесени низ споредна врата директно во самата сала меѓу познатите актери и славните од светот на филмот.
Туристите имаа можност да се сретнат и сликаат со Дензел Вашингтон и со Рајан Гослинг, кој бакна една од изненадените туристки. Домаќинот Џими Кимел им рече да не разговараат со Мет Дејмон, и исто така ја убедуваше Џенифер Анистон да им ги даде своите очила како подарок за нив.
Извор НоваТв


