(ВИДЕО)Жена на каса лупеше мандарини за да и ги измерат без кора: Еве што направил продавачот кога требало да ги наплати јајцата!

Многумина веруваат дека во маркетите виделе скоро се. И покрај тоа, на социјалните мрежи кружи видео кое за кратко време доби голема гледаност и кое докажува дека однесувањето на поедини купувачи секогаш може да не изненади. Имено, една жена мислела дека не треба да плаќа мандарини со се кора.

Жената без никаква непријатност почнала да ги лупи мандарините пред каса и тоа сосема опуштено една по една. Човекот не можел да поверува што гледа. Кога конечно завршила, ги собрала корите од мандарина во една кеса, а од друга страна исчистените мандарини ги ставила во друга и му ги дала на продавачот да ги измери.

Видно незадоволен, продавачот и ги измерил на жената мандарините без кора, но не застана на тоа. Жената имала и пакет со јајца во корпата. Бидејќи ја излупила секоја мандарина, касиерот решил да го следи нејзиниот пример, па зел салфетка и почнал да ги крши јајцата, едно по друго, на касата. Жената веднаш помислила дека се работи за шега, па се насмеала кога касиерот го скршил првото јајце, но кога го скршил второто јајце од пакувањето, таа повеќе не се смеела.

Видеото е прегледано над милион пати само на Инстаграм, со 305.000 лајкови, а следеа и неверојатни коментари, објави српска Република.

Најчитани вести