Во изминатиот викенд на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 23 сообраќајни незгоди. Во 14 од нив имало 17 повредени лица од кои четири потешко.
Во петокот, случени се вкупно три сообраќајни незгоди од кои во една со телесни повреди се здобило едно лице, а останатите две се со материјална штета.
Според евиденцијата на сообраќајната полиција, случени се и четири незгоди со мала материјална штета во коишто е пополнет Европскиот извештај.
Во саботата, сообраќајната полиција изврши увид на вкупно 14 сообраќајни незгоди. Од нив во три со тешки телесни повреди се здобиле четири лица, во седум полесно повредени се девет лица, а останатите четири незгоди се со материјална штета.
Според евиденцијата на сообраќајната полиција, случени се и уште две незгоди со мала материјална штета во коишто е пополнет Европскиот извештај.
Во текот на вчерашниот ден се случија шест сообраќани незгодиод кои во три полесно се повредени три лица, а останатите три сообраќајни незгоди се само со материјална штета.
Според евиденцијата на сообраќајната полиција, случени се уште две незгоди со мала материјална штета во коишто е пополнет Европскиот извештај.
Во текот на овие три дена беа откриени и санкционирани 62 возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол, 15 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење и 12 возачи кои не ги почитувале светлосните сообраќајни знаци на крстосница.
Со помош на специјалното возило „пајак“ беа отстранети 137 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.
Во рамките на сообраќајно воспитните акции денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе реализира едукативни работилници во ОУ „Васил Главинов“ и ОУ „Панајот Гиновски“ кои се наоѓаат на територијата на општина Чаир со учениците од второ и четврто одделение.
За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.
]]>


