Раководството на Тотенехм и тренерот Андре Вилаш-Боаш се договориле да ја прекинат соработката, а како главна причина се наведува високиот пораз вчера на домашен терен од Ливерпул со 5:0 и релативно слабиот пласман на табелата на клубот кој имаше високи амбиции пред почетокот на сезоната во Премиер лигата.
Во соопштението објавено на официјалната интернет страна на клубот се наведува дека е постигнат спогодбен раскин на договорот со португалскиот стручњак.
Вилаш-Боаш на тренерското место во Тотенхем дојде од Челзи летото 2012 година и во првата негова сезона во новиот клуб не успеа само за еден бод да обезбеди пласман во Лигата на шампионите.
Сезонава по 16 одиграни натпревари Тотенхем се наоѓа на 7.место со 27 бодови и биланс од 8 победи 3 нерешени и 5 изгубени натпревари.
Тотенхем пред неполн месец убедливо загуби и на гостувањето кај Манчестер Сити со 6:0.


