Винер-Виена Иншуранс Груп во 2013 со раст на приходите од осум проценти

Винер – Виена Иншуренс Груп во деловната 2013 година забележа раст на приходите и профитот за осум проценти. Како што соопштуваат од компанијата на домашниот осигурителен пазар во изминатата година со полисирана премија од 1 милијарда и 414 милиони денари, Виена Иншуренс Груп останува  лидер според пазарниот удел во Република Македонија.

-Бројките и резултатите се одлични, како и натфрлените норми по сите параметри кои се вреднуваат како суштествен успех и основа за долгорочна стабилност, вели Зоран Нарашанов, генерален директор на Винер – Виена Иншуренс Груп.

Виена Иншуренс Груп е присутна  присутна во 25 земји со над 50 компании, со годишни приходи од речиси 10 милијарди евра. Групацијата е присутна во Македонија преку Винер Осигурување од 2009-та година.

]]>

Најнови вести

Најново од Економија

Најчитани вести