Висина на субвенции за поледелски култури, ориз и сончоглед за 2022 година

Програмата за Директни плаќања за 2022 година се усвои на седница на Влада. Ви пренесуваме дел од Уредбата за поблиските критериуми за директни плаќања, корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директните плаќања за 2022 година.

1.1. Директни плаќања по обработливa земјоделска површина за сите поледелски култури освен за тутунот

-Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства кои во производната 2021/2022 година имаат засеани и ожнеани површини со следните култури: пченица, јачмен, пченка, `рж, овес, ориз, тритикале,
хељда, сирак, суданска трева, просо, хмељ, лен, леќа, кикирики, соја, сончоглед, маслодајна репка, добиточна репка, афион, шеќерна репка, памук, анасон, фацелија, граор, еспарзета, добиточен грашок и наут (слануток), за засеана или одржувана површина со луцерка;

-Минимум засеана површина збирно за сите култури е 0,5 ха во производната 2021/2022 година;

-Висината на директните плаќања за пченица, јачмен, пченка, `рж, овес, тритикале, хељда, сирак, суданска трева, просо, хмељ, лен, леќа, кикирики, соја, сончоглед, маслодајна репка, добиточна репка, афион, шеќерна репка, памук, анасон, фацелија, граор, еспарзета, добиточен грашок, наут (слануток) и за засеана или одржувана површина со луцерка изнесува 12.000 денари по хектар, односно 14.400 денари по хектар за земјоделски стопанства со пријавена површина за финансиска поддршка од минимум 5 хектари до максимум 50 хектари со задолжителна употреба на сертифициран семенски материјал согласно минимално употребената количина на семе по хектар;

-Висината на директните плаќања за ориз изнесува 25.000 денари по хектар, односно 30.000 денари по хектар за земјоделски стопанства со пријавена површина за финансиска поддршка од минимум 5 хектари до максимум 50 хектари со задолжителна употреба на сертифициран семенски материјал согласно минимално употребената количина на семе по хектар;

-Висината на директните плаќања за сите наведени култури согласно алинеја 1 од оваа подмерка изнесува 6.000 денари по хектар, освен за сончоглед и афион каде изнесува 8.000 денари по хектар и за ориз изнесува 18.000 денари по хектар без задолжителна употреба на сертифициран семенски материјал;

-Висината на поддршката од алинеите 3, 4 и 6 од оваа подмерка се намалува со зголемување на пријавените површини и тоа: од 0,5 ха до 50 ха 100%, од 50 ха до 100 ха 60%, и над 100 ха 30% збирно за сите култури.

1.2. Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.1. за обработлива земјоделска површина со големина од 5 до 50 хектари

-Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства кои во производната 2021/2022 година имаат засеани со сертифициран материјал и ожнеани површини со поледелски култури со пријавена површина од 5 до 50 ха збирно за следните култури: јачмен, пченица, `рж, овес и сончоглед, а се корисници од подмерка 1.1. на оваа уредба;

-Оствареното производство да е продадено во преработувачки капацитети вклучително и произведените жита за потребите на сопствениот преработувачки капацитет, а запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи;

-Висината на поддршката е условена со остварени просечни приноси над: 4.000 кг/ха за пченица, 3.000 кг/ха за јачмен, 3.000 кг/ха за `рж, 3.000 кг./ха за овес и 1.500 кг./ха за сончоглед;

-Висината на директните плаќања за засеана површина со сертифиран семенски материјал од јачмен, пченица, `рж, овес и сончоглед изнесува 5.760 денари по хектар.

1.3. Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.1. за обработлива земјоделска површина со сончоглед

-Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства кои имаат засеани и ожнеани површини со сончоглед и се корисници од подмерка 1.1. на оваа уредба;

-Висината на директните плаќања за засеани површини со сертифициран семенски материјал од сончоглед изнесува 3.000 денари по хектар.

Извор: Агротим.мк

]]>

Најчитани вести