Без гладување и одрекување, овој вид на храна навистина може да ја јадете колку што сакате.
Фактот дека не треба да се јаде премногу шеќер, нездрави масти, газирани пијалаци и слично, знаеме одамна, но кога ќе ги отстраните овие гревови од вашиот живот и ќе се префрлите на поздрава исхрана, веруваме дека уште во првите денови ќе ве прогонува желбата за храна.
Затоа, чувствувајте се слободни да посегнете по овој вид на храна, која е исто толку вкусна, а вие ќе бидете заситени.
Пуканките – без путер, со “зрно сол”, се најздравата и најмалку штетна закуска која ќе ја најдете.
Цитрон – е овошје со многу фруктоза и не би смеело да се јаде во големи количини, но со цитронот и вашата кожа ќе блесне. Не смее да се претера со цитронот ако страдате од стомачна киселина.

Јајца – можат да се направат на безброј начини, а и покрај тоа што во себе имаат повеќе калории од целерот, на пример, нема да се здебелите, па можете слободно да ги јадете во повеќе оброци во текот на денот.
Лубеница и диња – вкусни и полни со вода, ќе ви помогнат да се отстрани вишокот на вода од телото, а нема да се чувствувате гладни.
Јаболка и сливи – овошја кои ќе ве заситат, но нема да ви наштетат.


Краставици – грицкајте ги како меѓуоброк или искомбинирајте ги во голема салата, како додаток на оброк.
Карфиол, брокула и зелка – немаат многу калории, а се многу здрави за телото и влијаат за подобро варење.
Цвекло – здраво, хранливо и докажано помага со несаканите наслаги.
Целер – претпочитате да грицкате нешто крцкаво – користете целер, затоа што има многу малку калории, а доста заситува.
Модар патлиџан – на скара или печени со малку масло. Важно е само добро да се исуши и да се зачини со зачински билки за да биде повкусен и поздрав.
Ананас – иако сладок и сочен, ананасот докажано помага во губењето на тежина.
Зелена салата со домати, без сол, масло и преливи, е совршен прилог на оброк или како ужинка.


