Владата ќе ги награди сите пожарникари што го гаснеа пожарот во Кочани

Владата на денешната седница одлучи да ги награди сите пожарникари вклучени во гаснењето на пожарот што го зафати Кочани и околината, напиша вечерва на својот Фејсбук профил вицепремиерот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски.

-Наградата од 10.000 денари е во знак на благодарност за демонстрираната храброст, професионалност и пожртвуваност во мисијата да се спасат животи и да се зачуваат природните ресурси на татковината. Нивната пожртвуваност и професионалност нема да останат заборавени, наведе Николовски.

Вицепремиерот Николовски уште еднаш изрази благодарност кон сите професионалци, волонтери, граѓани и институции кои, како што напиша, несебично учествуваа во безмилосната борба со огнот.Порача дека мораме да останеме тука едни за други секогаш кога е потребно.

]]>

Најнови вести

Најново од Македонија, Ударни вести

Најчитани вести