Владе Дивац се разведува по 27 години брак!

Србија ја шокираше веста дека се разведува една од најстабилните двојки на јавната сцена – Снежана и Владе Дивац! Славниот кошаркарски ас и претседател на Олимпискиот комитет на Србија и неговата сопруга се разведуваат по 27 години брак, пишува српскиот дневен весник „Блиц“.

Причината за разводот не е позната, а како што дознава српски „Блиц“, во тек се разговори околку поделбата на имотот. Откако ќе заврши процесот на разводот, познатиот српски кошаркар дефинитивно ќе се пресели во Сакраменто, каде што извесно време играше.

divac

Снежана и Владе Дивац се венчаа во 1989 година, а во бракот ги добија синовите Лука и Матија. Двојката ја посвои ќерката Петра во 1999 година, откако нејзините родители истата година беа убиени на Косово.

divac2

Снежана и Владе имаат фондација „Ана и Владе Дивац“, на чие чело е Снежана, а која за цел имала помагање на бегалците во Србија, за подоцна дејноста да се прошири и на другите сфери.

divac3

Најчитани вести