– Кратка биографија: Имам членска книшка од 1998 година, имав 15 години, у средношколските години нема 1ви Мај на кој се немам степано по партиска основа. У 2002 година го дочекав и правото на глас, веќе 16 години активист, врекло, лепач на плакати, сечам вени и ропам патриотски песни.
– У времето пред 10 години, сакавме ја партијата како некаков идеал, како начин на размислување, како животен стил…. неле Вмровец се раѓа,не се станува … КОЈА Е СЛИКАТА ДЕНЕСКА. Денеска да улезеш у штаб , да се расправаш на ФБ, а да си без интерес, ќе те сметат тешка простоќа и твојте сопартијци а уште повеке ОНИЕ ДРУГИТЕ (опозицијата).

– Денеска си смешен, глуп, наивен, ако си активист на ВМРО а да не целеш да дојдеш до некоја ќар. Порано, не беше така, порано за корист не правевме муабет, порано се каравме за тоа – кој политичар повеќе украдел, кој повеќе направил, кој е повеќе способен, кој шо изградил или уништил… А КОЈ Е МУАБЕТО ДЕНЕСКА: „Абе има ле шанси некаде да се мушнеш?“ „Абе тај мојо син дипломира, дајте да гледаме некако да се помогне“
Многу ќарија и се набутаа од синчето до бабата по државни работни места, па некои дури личности зимат пари и од две места , да речеме и советник е, и вработен у државна институција.
Или па сретне те некој по пато и сељандурската ти се изнасмее:
– „И добро зашо игра оро? (ко тепа ВМРО), онај (некој си, спомне некое име) намести се на работа онамо, ти маај пачавици по пато, АХА ХА ХА“.
Искрено не сам свесен за ситуацијата, ситуација која е ГОЛЕМА ВИСТИНА- ќе ми се смеат у фаца, … да ти се смеат у фаца ако едноставно ги сакаш и гласаш за ВМРО ДПМНЕ, а да не си искористил ништо од тоа…изгледа успех и јак Вмровец е тај шо сите членови од фамилијата му се на државна работа …
И , за крај, ја шо не искористив ништо од партијата, треба ли да излезам да гласам на наредни избори, драги мои сопартијци (У НАВОДНИЦИ ВРМОВЦИ) „ВМРОВЦИ“ ???
Ненад Стојанов – Кмето
Извор: komarec.com.mk


