(Внимание) Од нас младите зависи дали ќе имаме подобра иднина – анкета во Штип

(Внимание) Од нас младите зависи дали ќе имаме подобра иднина – анкета во Штип

Младите и студентите од Штип одговарајќи пред микрофонот на „Трн“ во втората епизода од „Внимание, внимание“ истакнаа дека од младите зависи дали ќе имаме подобра иднина дома.

Во видео-анкетата на „Внимание, внимание“ која се емитува секој четврток на каналите на „Трн.мк“ на Фејсбук, YouTube и Инстаграм, Дениз Абдула го повикува гласот на народот.

Во втората епизода анкетата беше спроведена во Штип, каде што повеќето испитаници сметаат дека иднината е во младите и дека доколку студентите се ангажираат може да ги предизвикаат позитивните промени, тука.

Заминувањето надвор е опција, но повеќето млади и студенти сакаат својата иднина да ја градат тука. Дури и повозрасните испитаници рекоа дека доста е од старите, младите се тие што треба да ја оправат државата.

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести