„Денес видов дека на социјалната мрежа Фејсбук се споделува текст кој наводно сум го напишал јас. Категорично ги демантирам наводите изнесени во тој текст и изјавувам дека јас не стојам зад истиот. Случајот кој е на штета на мојот углед и професионалност и има за цел да шири паника во јавноста, утрово го пријавив во полиција“, реагира Докиќ.

„По 30 часа поминати на работното место во ковид-центарот на клиниката, максимално изморен, уплашен и тажен од сѐ што се случува тука, чувствувам лекарска, но пред сѐ човечка одговорност да ја пренесам следната информација. Капацитетите во болниците се пополнети до максимум, ретко некаде се наоѓа по едно-две легла. Во приватните клиники е слична состојбата, и покрај тоа што таму се цените толку високи, што луѓето ставаат домови под хипотеки за да го спасат живот на најблиските. Вакцини нема, но и да беа порано дојдени немаше да имаме ефект од нив, зошто треба да поминат најмалку шест недели по нивното добивање за да се постигне имунитет. Вакцинираните се штитат самите себе, но можат да го пренесуваат вирусот на други! Овој бран е досега најголем и најтежок и буквално коси!!!“, се вели меѓу другото во текстот што се споделува со лажна информација како да е авторско дело на д-р Докиќ.
Текстот, кој ја доведува во заблуда јавноста дека е напишан од медицинско лице, на социјалната мрежа Фејсбук е споделен стотици пати, а според напишанато може да се заклучи дури и дека тој е лекториран, т.е. нема ниту една правописна грешка, освен „хронично билните“.
Во текстот исто така, се обвинува „власта“ (владата) дека не направила сѐ што може во борбата против коронавирусот и не спровела поостри мерки, наводно од името на докторот, и се молат граѓаните сами да одлучат да останат дома.
]]>


