Во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на Град Скопје сообраќајната полиција изврши увид на вкупно 10 сообраќајни незгоди од кои во една со тешки телесни повреди се здобил пешак.
Незгодата се случила во 13 часот и 30 минути кај Транспортниот центар кога автобус на ЈСП „Скопје“ удрил пешак жител на село Арачиново, роден 1997 година.
Во три од сообраќајните незгоди со полесни повреди се здобиле тројца возачи на патничко моторно возило и двајца сопатници, а шест биле само со материјална штета.
Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден откри и санкционира 27 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, 15 возачи на мопеди и мотоцикли од кои осум возачи што не носеле заштитен шлем или кацига за време на движење со мопедот или мотоциклот, пет возачи кои немале возачка дозвола и двајца возачи кои ги возеле мотоциклите и мопедите со изминат рок на важноста на полисата за осигурување.
Откриени и санкционирани се и девет возачи што поминале на црвено светло на крстосниците, четири возачи кои го користеле мобилниот телефон за време на управување на возилото и седум возачи кои се затекнати со изминат рок на сообраќајната дозвола.
Во рамките на сообраќајно воспитните акции Отсекот за превенција при Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе реализира едукативни работилници во ОУ „Кузман Шапкарев“ и во ОУ „Рајко Жинзифов“ во населбата Драчево на подрачјето на општината Кисела Вода.
За денеска има најава за вонреден настан.
По повод одбележување на Светскиот ден за поддршка на лицата со епилепсија, наречен Виолетов ден, Здружението на граѓани за лица со епилепсија и родители на деца со епилепсија планира собир на граѓани што ќе се одржи пред Спомен домот на Мајка Тереза на ул. „Македонија“. Во рамките на овој настан предвиден е марш којшто ќе започне во 11 часот и 30 минути пред главниот влез на Клиничкиот центар и ќе се одвива по ул. „Мајка Тереза“ или поранешна „Водњанска“ преку ул. „Железничка“, бул. „Македонија“, по ул. „Македонија“ до Спомен куќата на Мајка Тереза. Од страна на сообраќајната полиција ќе се преземат мерки за нормално и безбедно одвивање на настанот и безбедно одвивање на сообраќајот.
]]>


