Во авионска несреќа загина Евгениј Пригожин, шефот на Вагнер

Шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин загина во авионска несреќа во Русија, а загинаа уште девет лица во авионот, јавува Би-Би-Си.

Оваа вест како официјална се пренесува во руските медиуми.

На социјалните мрежи се објавени повеќе видеа од падот на авионот.

-Приватен авион кој патувал од Москва до Санкт Петербург се урна во руската област Твер. Руското Министерство за вонредни состојби соопшти дека сите 10 лица во авионот загинале. Оттогаш, Росавијација соопшти дека Евгениј Пригожин, шефот на приватната воена компанија Вагнер, бил наведен меѓу патниците, пренесува rt.com.

Најчитани вести