Во гевгелиската полициска станица пријавено исчезнато лице

Во полициската станица во Гевгелија вчера попладне гевгеличанката С.Д.М. (49) пријавила дека од нивниот дом се оддалечил нејзиниот сопруг И.М. (59) за кого се преземаат мерки за пронаоѓање.

Последен пат ичезнатиот, кој е татко на малолетна ќерка, бил виден вчера во 7 часот и 30 минути, облечен во зелена јакна, сини фармерки, црни чевли и кафено шалче со црни риги.

Покрај мерките за пронаоѓање што ги преземаат полициските службеници, пријателите и блиските на исчезнатиот гевгеличанец за утре најавија организирање на масовна потрага на која ги повикуваат да се приклучат сите заинтересирани добронамерни граѓани на Гевгелија.

Зборното место е закажано пред зградата на ПС Гевгелија во 9 часот.

]]>

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести