Семејна трагедија се случи синоќа во Градско. 17-годишно момче ја усмрти својата мајка преместувајќи ловечка пушка од една во друга соба.
Според првичните информации , момчето не знаело дека пушката е полна кога ја преместувало од една во друга соба во куќата. Пушката во еден момент испукала, а куршумот завршил во неговата 52-годишна мајка, која починала на лице место.
Полицијата извршила увид, по што ќе бидат познати повеќе детали.


