Во пет сообраќајки повредени осум лица

Во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на Град Скопје сообраќајната полиција извршила увид на пет сообраќајни незгоди, во кои со телесни повреди се здобиле осум лица.

Според евиденцијата на сообраќајната полиција, случени се уште пет сообраќајни незгоди со мала материјална штета во коишто е пополнет Европскиот извештај.

Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден откри и санкционира 11 возачи кои непрописно ги паркирале своите возила на пешачки премин или во зона на крстосница и четворица возачи кои непрописно се престроиле пред крстосница. Исто така санкционирани се осум возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол и тие се отстранети од сообраќај, пет возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзина на движење и четворица возачи коишто не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците.

Со помош на специјалното возило „пајак“ беа отстранети 71 возило кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Во рамките на сообраќајно-воспитните акции денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе реализира едукативни работилници во ОУ „Рајко Жинзифов“ кое се наоѓа на територијата на општина Чаир со учениците од второ и четврто одделение.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива. г

]]>

Најнови вести

Најново од Хроника