Кристи Бринкли своата линија ја одржува со вегетаријанска исхрана и редовно вежбање, тврди дека никогаш не направила плстична операција, но сега размислува и за тоа.
Кристи го воодушеви светот со својот феноменален изглед кога се појави на доделувањето на Греми наградите оваа година во кратко црно фустанче. Светот за првпат ја запознал уште во 1979 година, кога се прославила како манекенка, а подоцна ги красела насловните страници на многу култни списанија.
Криерата ја започнала на 19 години, глумела во неколку филмови, а Дејли Мејл ја проглесил за една од Топ 20-те најубави модели на сите времиња.
Родена е во 1954 година, досега се мажела 4 пати и има три деца од различни сопрузи.
Во текот на својот живот досега заработила вкупно 80 милиони долари.
Кристи вели дека одлично се чувствува и дека не се плаши од годините. За два дена ќе наполни 60 години, а на нејзината става можат да ѝ подзавидат и многу млади девојки.
Што мислите, дали е ова најзгодата баба досега?
]]>



