Во изминатиот викенд на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 24 сообраќајни незгоди од кои во 14 имало повредени при што три лица се здобиле со потешки, а 13 со полесни повреди.
Во петокот се случија вкупно шест сообраќајни незгоди. Од нив две се со материјална штета, а три се со последица телесни повреди во коишто со полесни повреди се здобиле четири лица. Случена е и една незгода со последица тешки телесни повреди со која што се здобило едно лице.
Според евиденцијата на сообраќајната полиција, случена е и една незгода со мала материјална штета во која што е пополнет Европскиот извештај.
Во саботата, сообраќајната полиција изврши увид на вкупно девет сообраќајни незгоди. Од нив две се со материјална штета, а пет се со последица телесни повреди во коишто со полесни повреди се здобиле пет лица. Случени се и две незгоди со потешки последици во коишто со тешки телесни повреди се здобиле две лица.
На подрачјето на град Скопје вчера се случија девет сообраќани незгоди. Од нив шест се со последица материјална штета и три со последица телесни повреди во коишто со полесни повреди се здобиле четири лица.
Според евиденцијата на сообраќајната полиција, случени се уште две незгоди со мала материјална штета за кои е пополнет Европскиот извештај.
Во текот на овие три дена беа откриени и санкционирани 66 возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол при што беа исклучени од сообраќај, шест возачи кои не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин и 26 возачи кои не ги почитувале светлосните сообраќајни знаци на крстосница. Санкционирани се и 126 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината. Од нив 44 возачи се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место.
Со помош на специјалното возило „пајак“ беа отстранети 125 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.
Во рамките на сообраќајно воспитните акции денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе реализира едукативни работилници во ОУ „Мирче Ацев“ кое се наоѓа на територијата на општина Ѓорче Петров со учениците од второ и четврто одделение.
За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.
]]>


