Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно осум сообраќајни незгоди.
Од нив пет сообраќајни незгоди се со последица материјална штета, една е со последица тешки телесни повреди во која со тешки телесни повреди се здобило едно лице и едно лице со телесни повреди. Случени се и две незгоди со последица телесни повреди во кои со телесни повреди се здобиле четири лица.
Според евиденцијата на сообраќајната полиција, случена е уште една незгода со мала материјална штета во која што е пополнет Европскиот извештај.
Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден откри и санкционира четворица возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, 12 кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење и четворица возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосница.
Со помош на специјалното возило „пајак“ беа отстранети 97 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.
Во рамките на сообраќајно воспитните акции денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе реализира едукативни работилници во ОУ „Ацо Шопов“ кое се наоѓа на територијата на општина Бутел со учениците од второ и четврто одделение.
За денеска има најавено вонреден настан. Со почеток во 10 часот е закажан протест на организирана група на стечајци и технолошки вишок пред зградата на ССМ од каде по ул. „Кеј 13 Ноември“ ќе се упати пред Владата на Република Македонија. За време на протестот од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени мерки за сообраќајно обезбедување и пренасочување на сообраќајот на бул. „Филип Втори Македонски“, ул. „11 Октомври“, „Кеј 13 Ноември“, бул. „Гоце Делчев“ и бул. „Илинден“.
]]>


