Во Скопје изречени 312 санкции за сообраќајни прекршоци

 Полициски службеници од Одделот за униформирана полиција вчера спроведоа  акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на цела држава, при што изречени се 312 санкции за сообраќајни прекршоци.

При контролата, како што соопштија денеска МВР,  санкционирани се 34 возачи поради бесправно управување на возилото, 16 возила биле со неисправен уред за сопирање, 14 за возење без возачка дозвола, а на вонреден технички преглед биле упатени 100 возила, од кои 22 биле констатирани технички неисправности.

МИА

Најчитани вести