Во Скопје пет сообраќајки со тројца повредени

Во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно три сообраќајни незгоди од кои во една со повреди се здобиле три лица, а две се само со материјална штета.

Според евиденцијата на сообраќајната полиција, случени се уште две незгоди со мала материјална штета во коишто е пополнет Европскиот извештај.

Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден откри и санкционира четворица возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците, тројца возачи кои не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, седум возачи кои не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување на возилата.

Со помош на специјалното возило „пајак“ беа отстранети 84 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Во рамките на сообраќајно воспитните акции денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе реализира едукативни работилници во ОУ „Гоце Дечев“ и ОУ „Панајот Гиновски“ кои се наоѓаат на територијата на општина Бутел со учениците од второ и четврто одделение.

Денес во попладневните часови и во текот на утрешниот ден по повод верскиот празник Задушница се очекува поголем прилив на граѓани кон гробиштата во Скопје што значи поголем интензитет на сообраќајот. Од овие причини ќе биде засилено присуството на сообраќајната полиција со цел зголемена безбедност и проточност на сообраќајот.

В недела со почеток во 18 часот во спортската сала „Борис Трајковски“ во рамките на Лигата на шампионите ќе се одигра меѓународен ракометен натпревар меѓу екипите на Металург и Барселона. Со цел непречено и безбедно одвивање на оваа спортска манифестација од страна на сообраќајната полиција во зависност од моменталните состојби ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување, физичко регулирање, а по потреба и пренасочување на сообраќајот.

]]>

Најнови вести

Најново од Хроника