Во сообраќајка Аудито на Заев оштетено, но лидерот на опозицијата не бил во него

Утрово во Струмица возило удрило во приватниот автомобил на опозицискиот лидер Зоран Заев. Во моментот на сообраќајката во возилото биле возачот на Заев и неговата сопруга.

Од ударот, сопругата на возачот на Заев има скршено ребро и е однесена во болница, изјави за порталот Либертас Зоран Заев. Автомобилот Ауди бил доста оштетен.

Претходно некои од порталите објавија дека во возилото, кога се случила сообраќајката, бил Заев со сопругата и дека таа била однесена во болница, но Заев за порталот Либертас рече дека тоа не е точно.

Најнови вести

Најново од Ударни вести, Хроника

Најчитани вести