(ВО ЖИВО) Николиќ: Шеснаесет поранешни професионални војници својата кариера ја продолжуваат во против-пожарните единици

Од денеска отвораме нова можност за нашите досегашни колеги, професионални војници со наполнети 45 години возраст, со трансфер во против-пожарната дејност во Републиката. Шеснаесет поранешни професионални војници својата кариера ја продолжуваат во територијалните против-пожарни единици на работни места пожарникари-спасители и тоа 8 лица ја пополнуваат против-пожарната бригада во Скопје, 5 лица стануваат пожарникари во Кичево, а тројца во општина Валандово.

Во моментот се реализира превземање на професионалните војници и во Управата за извршување на санкции, на работни места затворски надзорници во Казнено-поправните установи во Идризово, Штип, Куманово, Велес. Во тек е и постапката за превземање во судовите низ државата, како дел од судската полиција, а дел од овие поранешни војници ќе останат во рамките на Армијата како цивилни лица.

Грижата за професионалните војници и посветеноста за изнаоѓање на вистинско решение за секој војник кој како припадник на Армијата им служел на граѓаните, ќе продолжи и понатаму.

Видеото можете да го погледнете на следниот линк.

Извор: Фејсбук статус на Драган Николиќ, државен секретар во Министерството за одбрана.

]]>

Најнови вести

Најново од Македонија, Ударни вести

Најчитани вести