Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска, на брифинг со новинари, ќе ги презентира програмите за работа на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) во 2023 година.
Во програмите, како што наведува МЗШВ, се предвидени нови мерки за поддршка на земјоделците кои Николовски детално ќе ги образложи.
Министерот ќе се осврне и на новиот модел за субвенционирање.


